Подхале (полски: Podhale) (буквално под планинските ливади) – историско-географска област во најјужниот дел на Полска, расположена на границата со Словачка, на падините на Татрите, во басените на реките Бјал и Чарн Дунаец како и во горниот тек на реката Дунаец [1]. Подхале е во рамките на Малополското Војводство. На неговата територија се наоѓаат градовите Нов Тарг (историски центар на Подхале кое месното население го нарекува едноставно „Град“) и Закопане како и повеќе села. Населението претставува подетнички дел од групата ГуралиПодгалјани.[2]

Подхале. Поглед од Тарасовка, со Татрите на хоризонтот.
Нови Тарг главен град на областа, поглед од птичја перспектива
Жителите од Подхале во народна носија

Локален фолклор уреди

Областа се одликува со богата фолклорна традиција која е многу романтизирана во полската патриотизампатриотска имагинација. Фолклорот е главно донесен од полските доселеници од Малополскамалополската област и делумно од трансилваниските доселенци во XVII век за време на нивните миграции.[3] Подхале е дел од историската област Малополска чиј главен град е кралскиот град Краков.

Регионални атракции уреди

Меѓу регионалните атракции се популарното планинско одморалиште Закопане и езерото познато како Морско Око, кое според локалната легенда е поврзано со Јадранското Море преку подземни пасажи. Нови Тарг, на реката Дунаец, е главен град на областа. Во Луџмјеш се наоѓа светилиштето на Пресвета Богородица. Областа е особено позната по својот „осципек“, сирење направено од мешавина од кравјо и овчо млеко, по музиката и по своите скијалишта. Во зима, таа е најпосетувана туристичка локација во Полска.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Słownik geograficzny Królestwa Polskiego i innych krajów słowiańskich. 3. Warszawa: nakł. Filipa Sulimierskiego i Władysława Walewskiego. 1914. стр. 389.
  2. „Dialekty i gwary polskie. Kompendium internetowe pod redakcją Haliny Karaś“ (полски). Архивирано од изворникот на 2016-03-06.
  3. „Home -Geography - Podhale and Tatry“. Архивирано од изворникот на 2016-09-28. Посетено на 2017-05-20.

49°28′45″N 20°01′45″E / 49.479259° СГШ; 20.029127° ИГД / 49.479259; 20.029127