Поделок (Италија)

ситна управна единица во Италја

'Поделок или фракција (италијански: frazione; мн. frazioni) — вид управна единица во Италија, поситна од општината (comune).[1] Единицата постои и во Швајцарија и Сан Марино (каде се нарекува „курација“).

Опис уреди

Поимот обично се однесува на селата околу поголемо населено место кое има улога на општинско седиште. Поделбата на општината е незадолжителна — некои општини немаат поделоци, а некои имаат десетици. Општината обично е наречена по седиштето, со извесни исклучоци.

Во практика, највеќето поделоци се мали села или заселоци, а напати и маала. Мошне малите населби често не се поделоци, туку месности (località). Поретко, еден поделок може да биде понаселен од општинското седиште; во овие необични случаи управата е сместена во поделокот, а седиштето го задржува статусот.

Историја уреди

Голем дел од поделоците се создадени фашистичко време, кога се направени напори за рационализација на управните единици. Некои поделоци се поранешни општини чии прилики во меѓувреме се измениле.

Управа уреди

Според постојниот закон, градоначалникот може да задолжи општински советник со управни полнимоштва врз некој поделок.[2] но општински советник.

Покрај советодавната улога, во многу општини поделоците имаат свои чиновници и водење своја евиденција, но не и граѓанската.

Наводи уреди

  1. Frazione - findwords.info
  2. Член 54 од уредбата бр. 267/2000

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди