Подгорјани

село во Правишко, Егејска Македонија

Подгорјани, Подгорени или Подохор (грчки: Ποδοχώρι, Подохори; до 1926 г. Ποδογόριανη, Подогорјани[2]) — село во Правишко, Егејска Македонија, денес во општината Кушница на Кавалскиот округ во Источна Македонија и Тракија, Грција. Во 2011 г. населението броело 608 жители.

Подгорјани
Ποδοχώρι
Поглед на селото
Поглед на селото
Подгорјани is located in Грција
Подгорјани
Подгорјани
Местоположба во областа
Самоков во рамките на Кушница (општина)
Самоков
Местоположба на Подгорјани во општината Кушница и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 40°49.54′N 24°1.30′E / 40.82567° СГШ; 24.02167° ИГД / 40.82567; 24.02167
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругКавала
ОпштинаКушница
Општ. единицаОрфан
Надм. вис.&10000000000000320000000320 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно608
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Раскрсница во селото.

Географија уреди

Селото е сместено на јужните падини на планината Кушница, југозападно од Правишта. Има два стари камени моста — Лазидевиот[3] и Горгиевиот.[4]

Историја уреди

Во Отоманското Царство уреди

Селото некогаш било населено со Македонци, за што сведочи неговото македонско име.

На крајот од XIX век Подгорјани било турско-грчко село во Правишката каза. Подгорјанскиот амам датира од XVII век и прогласен е за споменик на културата во 1997 г.[5] Црквата „Св. Ѓорѓи“ е од 1847 г.[6] Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Подгорјани:

Будохор, христијанско село: 1 црква, 1 училиште. Жителите се Грци. Оддалечено е 1 час од градот.[7]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македония. Етнография и статистика“) во 1900 г. Подохоръ (Будохоръ) живееле 200 Турци и 450 Грци.[8]

Во Грција уреди

Во 1913 г. по Втората балканска војна селото е припоено кон Грција. Таа година населението броело 1.035 жители, кое во 1920 г. се намалило на 530, веројатно како последица од Првата светска војна.[9] Во 1920-тите турското население е иселено и согласно Лозанскиот договор и во 1924 г. доведени се грчки доселеници од Мала Азија.[9] Во 1928 г. Подгорјани било мешано мештанско-дојденско село со 115 семејства сочинети од 390 жители.[10]

Население уреди

Населението со време значително нараснало, но подоцна почнало забележително да опаѓа поради иселување во градовите. Подоцна во селот се сместени 60 семејства на Каракачани кои се занимаваат со сточарство.[9] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1336 1062 1128 835 725 702 665 608
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Месности уреди

Месности во Подгорјани преименувани со службен указ на 5 мај 1969 г.
Име Грчки Ново име Грчки Опис
Чинар Дере[11] Τσινὰρ Ντερὲ Платанорема Πλατανόρεμα[12] река ЈЗ од Подгорјани[11]
Барес[11] Μπάρες Клисура Κλεισούρα[12] месност ЈЗ од Подгорјани[11]
Ментешели[11] Μεντεσελῆ Спилија Σπηλιὰ[12] поранешно село ЈЗ од Подгорјани[11]
Кавакија Καβάκια Левки Λεύκη[12] месност Ј од Подгорјани[11]

Цркви уреди

  • Св. Ѓорѓи“ од 1847 г.
  • „Св. Илија“
  • „Св. Петка“
  • „Св. Фануриј“ — параклис

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. „Πέτρινο γεφύρι του Λαζίδη (Ποδοχώρι)“. Ελληνικός Ορειβατικός Σύλλογος Καβάλας. Посетено на 18 август 2022.
  4. „Γεφύρι στου Γοργία (Ποδοχώρι)“. Ελληνικός Ορειβατικός Σύλλογος Καβάλας. Посетено на 18 август 2022.
  5. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ37/ΚΗΡ/12906/319/25-9-1997 - ΦΕΚ 932/Β/22-10-1997“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Посетено на 1 јули 2018. Занемарен непознатиот параметар |archiedate= (help)
  6. „Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου“. Ποδογόριανη ή Ποδοχώριον. Посетено на 27 декември 2015.
  7. Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 49.
  8. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 201. ISBN 954430424X.
  9. 9,0 9,1 9,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 233. ISBN 9989-9819-5-7.
  10. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 11,5 11,6 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 „Διατάγματα. Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 266. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 79): 711. 1969. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)

Надворешни врски уреди