Податотека:Литургиски зборник - трета четвртина на 17 век.pdf

Оди на страница
следна страница →
следна страница →
следна страница →

Изворна податотека(2.025 × 1.458 пиксели, големина: 16,34 МБ, MIME-тип: application/pdf, 167 страници)

Врска до Ризницата Ова е податотека од Ризницата на Викимедија и може да се користи на други проекти. Подолу е наведена содржината на нејзината описна страница.
Заедничката ризница е складиште на слободно-лиценцирани слики и снимки. И Вие можете да помогнете.

Опис

Опис
Македонски: Опис: Литургиски зборник, српска редакција, од трета четвртина на XVII век

Хартија: 10 х 6,5 см., 164 листови. По л. 1 недостасуваат повеќе листови, по л. 148 искинат 1 лист, по л. 162 недостасува 1 лист. На крајот недостасуваат повеќе листови од месецословот и тоа за јуни, јули и август. На л. 4 долната половина искината и дополнително залепена со неиспишана хартија. На л. 6 искинат горниот десен агол, на л. 131 искината десната половина. Од л. 115 - 116 нема текст освен неколку безначајни белешки направени во поново време.

Писмо: По 13 реда , полуустав, српска редакција, едноеров правопис. Малиот ер ь се среќава во предлошките и префиксните форми како и на крајот, а големиот ер ъ се среќава многу ретко. Десетричното ї пред вокалите, на пр. судїе их, безаконїе, живїих и др. Се употребува ѕ: ѕѣло, ѕверѥ, исъѕыждутсе, обѕѣживѣ и др. Од интерпункцијата се употребува најчесто точката, поретко запирката. Се среќаваат и четири точки во форма на крст особено во вториот дел на ракописот, т.е. во катавасијата и месецословот. Има акценти и кендема. Употребено е црно и црвено мастило. Со црвено мастило испишани се насловите, упатствата, позначајните места и почетните букви, а со црно останатиот текст.

Водени знаци: „Круна со девет заба“ и „круна со пет заба“. Контрамарките ме се добро отцртани и не се познаваат.

Орнаментика: На л. 37 тесно знаменце цртано со црно мастило, плетенка со растителни елементи. На л. 101‛ правоаголно знаменце нацртано со црно мастило на црвено поле, со растителни елементи. Се среќаваат почетни букви и наслови иницијални црвени со растителни елементи, гранчиња со цветчиња и др. декорации.

Повез: Оригинален, картон завиткан во кожа.

Содржина: Литургиски зборник.

Потекло: Ракописот е најден во с. Драчево - Скопско.
English: This material/file, old text slavonic script manuscript, is provided according to signed Memorandum for collaboration between Wikimedia Macedonia and National and University Library "St. Kliment of Ohrid".
Датум
Извор http://staroslovenski.nubsk.edu.mk/
Автор НепознатUnknown author

Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје. http://staroslovenski.nubsk.edu.mk/liturgiski-zbornik-17v.html


Лиценцирање

Public domain

Ова дело е во јавна сопственост и во земјите и подрачјата каде авторските права важат додека е жив авторот плус 70 години или пократко.


Ќе мора да ставите и ознака за јавна сопственост во САД за да укажете дека делото го има укажаниот статус во таа земја. Имајте предвид дека во неколку земји авторското право важи подолго од 70 години: во Мексико е 100, во Јамајка е 95, во Колумбија е 80, а во Гватемала и Самоа е 75 години. Оваа слика може да не е во јавна сопственост во тие земји, кои воедно не го применуваат правилото на пократок рок. Рокот може да биде продолжен за дела на Французи загинати за татковината во Втората светска војна (повеќе инфо), Руси кои служеле на Источниот фронт („Големата татковинска војна“) и посмртно рехабилитирани жртви на советското угнетување (повеќе инфо).

Описи

Опишете во еден ред што претставува податотекава

Предмети прикажани на податотекава

прикажува

16 мај 2013

Историја на податотеката

Стиснете на датум/време за да ја видите податотеката како изгледала тогаш.

Датум/времеМинијатураДимензииКорисникКоментар
тековна14:17, 16 мај 2013Минијатура на верзијата од 14:17, 16 мај 20132.025 × 1.458, 167 страници (16,34 МБ)BrestUser created page with UploadWizard

Нема страници што ја користат оваа податотека.

Метаподатоци