Податотека:Изборни неделни евангелски и апостолски читања - четврта четвртина на 14 век.pdf

Оди на страница
следна страница →
следна страница →
следна страница →

Изворна податотека(1.439 × 1.029 пиксели, големина: 20,72 МБ, MIME-тип: application/pdf, 212 страници)

Врска до Ризницата Ова е податотека од Ризницата на Викимедија и може да се користи на други проекти. Подолу е наведена содржината на нејзината описна страница.
Заедничката ризница е складиште на слободно-лиценцирани слики и снимки. И Вие можете да помогнете.

Опис

Опис
Македонски: Опис: Изборни неделни евангелски и апостолски читања, македонска безјусова редакција, четврта четвртина на XIV век

Хартија: 20,5 х 13 см.; 209 листови. Ракописот има оригинална кирилска пагинација означена на првиот и последниот лист од кватернионот (кватернионот изнесува 8 листови), купно содржи 28 кватерниони. Во првите 3 кватерниони недостасуваат шест листа, во 11 два листа, во 15 еден лист (првиот), во 24 и 25 осум листа, во 26 и 27 два листа (осмите) и во 28 кватернион два листа на крајот. Првиот и последниот лист не се испишани и не се броени во кватернионите. Освен листовите што недостасуваат, останатите се добро зачувани.

Писмо: Во една колона по 18 реда. Убаво, уставно писмо од крајот на XIV и почетокот на XV век. Едноеров правопис - само малиот ер. Интерпункцијата е изразена со точка. Од надредните знаци употребени се акцентот и кендемата. Насловите и заглавните букви се испишани со црвено мастило. На л. 4‛ се среќава дијалектна црта, наместо роукамьи употребено е рокамьи, што е карактеристично за галичкиот говор каде што можеби е напишан овој ракопис. Во ракописот не се обележани зачалата, главите и песните. Кај некои текстови на горната маргина обележан е само евангелистот или апостолот.

Водени знаци: „Ножици“.

Орнаментика: Нема уметнички знаменца. Почетните букви се големи и црвени со извесна доза на иницијалност.

Повез: Оригинален. Штичка завиткана во темна кожа. Кожата е орнаментирана. На предната корица голем крст во рамки со розетки и палметки, а на задната корица розетки и палметки во орнаментирани рамки.

Содржина: Изборни неделни евангелски и апостолски читања.

Потекло: Ракописот е најден во 1988 година во с. Бенче - Поречие.
English: This material/file, old text slavonic script manuscript, is provided according to signed Memorandum for collaboration between Wikimedia Macedonia and National and University Library "St. Kliment of Ohrid".
Датум
Извор http://staroslovenski.nubsk.edu.mk/
Автор НепознатUnknown author

Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје. http://staroslovenski.nubsk.edu.mk/izborni-nedelni-evangelski-apostolski-citanja-14v.html


Лиценцирање

Public domain

Ова дело е во јавна сопственост и во земјите и подрачјата каде авторските права важат додека е жив авторот плус 70 години или пократко.


Ќе мора да ставите и ознака за јавна сопственост во САД за да укажете дека делото го има укажаниот статус во таа земја. Имајте предвид дека во неколку земји авторското право важи подолго од 70 години: во Мексико е 100, во Јамајка е 95, во Колумбија е 80, а во Гватемала и Самоа е 75 години. Оваа слика може да не е во јавна сопственост во тие земји, кои воедно не го применуваат правилото на пократок рок. Рокот може да биде продолжен за дела на Французи загинати за татковината во Втората светска војна (повеќе инфо), Руси кои служеле на Источниот фронт („Големата татковинска војна“) и посмртно рехабилитирани жртви на советското угнетување (повеќе инфо).

Описи

Опишете во еден ред што претставува податотекава

Предмети прикажани на податотекава

прикажува

16 мај 2013

Историја на податотеката

Стиснете на датум/време за да ја видите податотеката како изгледала тогаш.

Датум/времеМинијатураДимензииКорисникКоментар
тековна14:17, 16 мај 2013Минијатура на верзијата од 14:17, 16 мај 20131.439 × 1.029, 212 страници (20,72 МБ)BrestUser created page with UploadWizard

Нема страници што ја користат оваа податотека.

Метаподатоци