Плочка катедрала

катедрала во Плоцк, Полска
(Пренасочено од Плоцка катедрала)

Плочка катедрала (полски: Bazylika katedralna Wniebowzięcia Najświętszej Maryi Panny)) — катедрала во градот Плоцк, Полска. Таа е посветена на Света Богородица на Мазовија и претставува еден од најзначајните примери на романиката во Европа.

Плочка катедрала
Bazylika katedralna Wniebowzięcia Najświętszej Maryi Panny
Основни податоци
МестоПлоцк, Полска
ПрипадностРимокатоличка црква
Статусактивна

Катедралата во Плоцк била основана во 1075 година.[1] Првите извори околу храмот датираат од 1102 година, односно од времето на Владислав I Херман, кој бил погребан во објектот. Во 1129 година таа била реконструирана во времето на Болеслав III и бископот Александар.[1] Во периодот од 1136 до 1144 година била обновувана од пожарот којшто го зафатил градот. Во 1144 година била осветена и посветена на Света Богородица.[1] Христијанскиот храм бил реновиран и во 1531-1535 година по пожарот од 1530 година.[1] Изгледот на новиот храм бил земен од црквата Свети Агостино и црквата Санта Марија дел Пополо во Рим. За последен пат, зградата била обновена во 1903 година.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 (полски) „Rys historyczny“. www.diecezja.plock.pl. Архивирано од изворникот на 2008-05-17. Посетено на 2009-12-08.

52°32′28″N 19°41′23″E / 52.5410813° СГШ; 19.6898128° ИГД / 52.5410813; 19.6898128