Пиратско дешифрирање

Пиратско дешифрирање (анг. pirate decryption) — поим кој најчесто се однесува на прием на платени ТВ или радио сигнали без одобрување. Поимот „пиратски“ во овој случај се однесува на авторските права и нема или има многу мала врска со пиратските радија (емитување на радиосигнал без дозвола за емитување) или пак морските пирати.

Концептот на платена ТВ е стар речиси колку и концептот за ТВ. Овој концепт значи дека оној кој го емитува сигналот, најчесто емитува во нестандарден шифриран формат, со цел да им наплати на гледачите претплата за користење на посебен декодер потребен за прием на изобличениот (шифриран) сигнал.

Специјалните канали, филмските премиумски канали и сл., најчесто се шифрирани, во повеќето од земјите. Понатаму емитувањето на ТВ сигнал со експлицитна порнографија мора да биде шифрирано со цел заштита на оние кои не сакаат да бидат изложени на овој вид содржина.

Поврзано уреди