Пио Алберго Тривулцио

Пио Алберго Тривулзио најчесто познат како Багина, е стар пензионерски дом и болница во Милано, Италија. Сè уште активен и ден денес, отворен уште од 1766 година.

Зградата на пензионерскиот дом

Историја уреди

Во 1766 година, миланскиот аристократ Толомео Тривулзио, по неговата смрт, го предал својот имот на засолниште за „старите сиромашни лица“, за да бидат сместении во неговата сопствена палата во областа Верзиере.[1] Болницата почнала да функционира во 1768 година, а подоцна станала дел и од поголемото добротворно здружение кое ги вклучувало и двата главни традиционални сиропиталишта во Милано.

Во почетокот на 20 век, Тривулцио бил преместен на патот кој што ги поврзува Милано со Баџо, а потоа го добил и прекарот „Багина“.

Во 1992 година, Тривулцио доби и многу големо медиумско внимание како последица на политичкиот скандал во Тангентополи, бидејќи неговиот претседател Марио Киеза беше првиот политичар кој беше уапсен во судењето во Мани Пулите.

Наводи во популарната култура уреди

Поради својата долговечност, „Багина“ е добро позната на миланското население и се споменува во миланската поп-култура и фолклор, на пр., во голем број милански дијалектални идиоми (на пример, sun bun per la Baggina, „Јас сум добар за Багина“, што значи „стар сум“).[2] Пејачот и текстописец Фабрицио Де Андре ја спомна „Il poeta della Baggina“ во неговата песна La domenica delle salme, вклучена во албумот Le Nuvole од 1990 година.

Наводи уреди

  1. „I 100 anni della Baggina“. Архивирано од изворникот на 2012-03-28. Посетено на 2023-03-16.
  2. „La Baggina“. Архивирано од изворникот на 2011-09-28. Посетено на 2023-03-16.

Надворешни врски уреди