Пешакот е машки куќен слуга кој игра улога на келнер во домаќинството. Некогаш ваквите слуги биле доста чести, додека денес се многу поретки, поради фактот што денес ретко кој може да си дозволи голем број на слуги.

Пешаци ги придружуваат кралицата Елизабета II и принцот Филип

Името пешак доаѓа од нивната некогашна задача да трчаат позади или по страната на кочијата на некој аристократ и затоа тие биле избирани по нивнте физички способности.

Првиот пешак е пешакот со највисок ранг и игра улога на заменик на батлерот и го заменува самиот батлер кога истиот е болен или не е пресутен.

Во поголеми домаќинства пешаците се и специјалисти за сребрени прибори и други предмети, но исто така извржуваат и други задачи како служење на оброци, отворање и затворање на врати, носење на потешки предмети и поместување на мебел при чистењето на куќата. Пешакот исто така може да биде и личен слуга за мажи, особено кога има гости.