Петре Цветанов Димоски ( 1912 во Мало Црско, Кичевско1944 во Радолишта, Струшко) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Петре Димоски
Роден 1912 година
Мало Црско, Кичевско, Македонија под Османлиско Царство
Починал ноември, 1944 година
Радолишта, Струшко, Македонија
Националност Македонец
Спомен обележје на сите борци од Мало и Големо Црско, меѓу кои е ѝ името на Петре Димоски.

Животопис уреди

Некое време работел во Кичево како угостителски работник. Воен рок служел во старата југословенска војска, а во 1944 година се приклучил во единиците на НОВ на Македонија и бил борец во Првата македонска бригада. Со Бригадата учествувал во завршните борби за ослободувањето на Западна Македонија. Во ноември 1944 година, во борбите со Германците за ослободувањето на Струга, загинал во селото Радолишта, Струшко.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 53.