Петар Здравев (Тетово, 25 јуни 1883 - Скопје, 1960) бил професор на Медицинскиот факултет во Скопје (Катедра за оториноларингологија).

Животопис уреди

Здравев е роден во Тетово на 25 јуни 1883 година. Студирал во Швајцарија на Универзитетот во Женева. Во есента 1915 година со група други македонски студенти во Женева се организирале и основале Академско друштво „Македонија“ со цел да го запознава јавното мислење со положбата на македонскиот народ и да го актуелизира решавањето на македонското прашање[1]. Здравев бил член на Иницијативниот одбор за обединување на македонските друштва (1918), а по создавањето Сојуз на македонските друштва во Швајцарија бил избран за потпретседател на Генералниот совет. Учествувал во акциите за придобивање на европското јавно мислење и на владите на големите сили-победнички за разрешување на македонското прашање на Мировната конференција, со примена на правото за самоопределување и за создавање самостојна македонска држава.[2] Во 1947 бил избран меѓу првите 19 наставници на новоформираниот медоцински факултет во Скопје и станува основоположник на Клиниката за оториноларингологија и шеф на Катедрата сè до неговото пензионирање во 1957 година. Починал во Скопје во 1960 година.

Наводи уреди

  1. Љубен Лапе, Активноста на Главниот одбор на македонските друштва во Швајцарија 1918–1919, „Гласник„ на ИНИ, 1, 1965
  2. Михајло Миноски, Федеративната идеја во македонската политичка мисла, Скопје, 1985