Перо Манев Попоски ( 1922 во Кичево1945 во Славонски Брод, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Перо Попоски
Роден 1922 година
Кичево, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал април, 1945 година
Славонски Брод, Хрватска
Националност Македонец

Животопис уреди

По завршувањето на основното училиште, школувањето го продолжил во Белград, каде работел како типографски работник во печатница. Бил напреден младинец и определен за борба против окупаторот. Станал член на СКОЈ, а во 1943 година заминал партизан. Во една борба со окупаторот бил ранет, а по излекувањето повторно се вратил во редовите на НОВ и учествувал во пробојот на Сремскиот фронт. Загинал кон крајот на април 1945 година кај Славонски Брод.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 102.