Пашки Козјак (словенечки: Paški Kozjak, порано само Kozjak[2]; германски: Kosjak[2]) — населба во Градската општина Велење, северна Словенија, сместена на ридовите источно од градот. Местото традиционално ѝ припаѓа на областа Штаерска. Целата општина денес е во состав на Савињскиот статистички регион.[3] Наречена е по сртот Пашки Козјак (1.272 м) сместен североисточно од населбата.

Пашки Козјак
Paški Kozjak
Поглед на црквата „Св. Јошт“
Поглед на црквата „Св. Јошт“
Земја Словенија
ОбластШтаерска
Статистички регионСавињски
ОпштинаВелење
Површина
 • Вкупна4,36 км2 (168 ми2)
Надм. вис.&10000000000006387000000638,7 м
Население (2002)
 • Вкупно225
[1]

Име уреди

Прво сведоштво за местото постои во документ од 1296 г. кој го именува како Похсрук (Pochsruk), што значи „Козји Грб“[4]. Во 1403 г. веќе се среќава како Козјак (Gosyak и Kosyak).[4] Денес се нарекува „Пашки“ по блиското место Пака, разликувајќи го од соседниот Козјак кај Мислиња.

Историја уреди

Пашки Козјак е познат од борбите во НОБ кои се одиграле ноќта помеѓу 17 и 18 јануари 1944 г. кога словенечките партизани се обиделе да ги пробијат германските редови за да стасаат до масивот Похорје. На местото е подигнат гранитен споменик во сеќавање на загинатите партизани.[5]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Статистички завод на Словенија
  2. 2,0 2,1 Leksikon občin kraljestev in dežel zastopanih v državnem zboru, vol. 4: Štajersko. 1904. Vienna: C. Kr. Dvorna in Državna Tiskarna, p. 270.
  3. Општински портал на Велење
  4. 4,0 4,1 Snoj, Marko. 2009. Etimološki slovar slovenskih zemljepisnih imen. Ljubljana: Modrijan and Založba ZRC, p. 208.
  5. Национално културно наследство на Словенија, назнака ešd 4177 (словенечки)

Надворешни врски уреди