Пат за рајотмакедонска книга составена од десет раскази и три драми напишани од Драги Михајловски. Книгата е насловена според еден од расказите и е издадена во 2017 година од издавачкото претпријатие Три.[1]

Пат за рајот
АвторДраги Михајловски
ЗемјаМакедонија Македонија
ЈазикМакедонија македонски
Жанрраскази и драми
ИздавачИздавачка куќа Три
Издадена
2017
Медиумпечатено издание, 125 х 195 mm
Страници283
ISBN978-608-230-502-8

Содржина уреди

Раскази уреди

  • Кола
  • Определба
  • Вака се решаваат работите
  • Развод
  • Вака се учи
  • Кула
  • Машина за перење
  • Кучето
  • Пат за рајот
  • Лозје

Во десетте раскази Михајловски ја продолжува својата потрага по идеалното место за живеење, по некоја своја автентична утопија. Истовремено, ја развива сопствената основна линија на сликање и портретирање на стремежот од обичните луѓе кон необичното, светото, недостижното. Овој однапред очекуван неуспех се должи на ограниченоста на човекот како смртно битие кое нема што да бара во вонземското, возвишеното, боговското. Но овде, како и во претходните раскази и романи на Михајловски, овој таканаречен пат за рајот (и рајот како и царството небесно се, всушност, еден вид негативна утопија или дистопија, односно места кон кои само се стремиме, а фактички, најаве не постојат!) е кажан појасно, без многу метафори и други споредбени стилски бравури.[1]

Драми уреди

  • Швајцарија на Балканите
  • Трите самовили, стариот слепец и ќелешот
  • Носко

„Швајцарија на Балканите“ е драматазиција на истоимениот роман од авторот, а другите две драматизации на две бајки - волшебни приказни од Марко Цепенков и од германскиот писател Вилхелм Хојф.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Пат за рајот на семрежното место на „Книга“.