Патишка Река (река)

Патишка Река — река - понорница во Македонија. Се наоѓа на скопска Сува Планина, јужно од Скопје, поминува низ истоименото село Патишка Река и се влева во Маркова Река[1]. Зафаќа сливно подрачје од 197,4 км2[1]. Извира собирајќи ги водите од гребенот Пепелјак на Караџица, протекува низ истоименото село Патишка Река од каде течејќи во северен и североисточен правец понира во месноста Присој близу исклучувањето на патот за Држилово, при што потоа се појавува во продолжение како Сува Река, влевајќи се во Маркова Река. Според записите на македонскиот револуционер Ѓорче Петров во книгата Материјали по изучувањето на Македонија, Патишка Река започнува да тече на Црн Врв недалеку од Салаковските Езера и надолу слегува по длабокиот дол помеѓу Караџица и Ибраимица[2]. За разлика од нејзиното продолжение Сува Река, Патишка Река, иако е покуса, е пополноводна и дотекува повеќепати и посилно, затоа што минува низ шумовити места[2].

Патишка Река
Течението на реката веднаш под истоименото село
Местоположба
ДржаваМакедонија Македонија
Општина Сопиште
СелоПатишка Река
Физички особености
Извор 
 • местоПепелјак, Караџица
Устие 
 • место
Присој
Должина12
Особености на сливот
ТечениеСува РекаМаркова РекаВардарЕгејско Море

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 54. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  2. 2,0 2,1 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 196. ISBN 978-608-245-113-8.

Поврзано уреди