Патент[1][2] или рајсферсшлус[3][4] — вид на поврзување помеѓу две парчиња материјал.

Различни видови патенти

Етимологија уреди

Рајсферсшлус е преземен од германскиот јазик (од зборот, кој е соединение од два збора: — „кине“ и — „затворач“.

Историја уреди

Првиот патент бил дизајниран од Американецот Виткомб Џадсон во 1893 година. Во облик во кој сè уште се користи денес, бил патентиран во 1913 година.[5]

Механизам уреди

 
Механизам

Патентот се состои од два реда запци („ластовичкина опашка“) кои се поставени еден спроти друг и се вклопуваат еден во друг кога патентот е затворен. Лизгачки механизам ги поврзува кога се влече на едната страна. Кога се влече на другата страна, ги раздвојува бидејќи составен дел му е клин во триаголен облик кој се вметнува во самиот спој на забите, кој се нарекува туркач или лизгач.[6]

Употреба уреди

Патентот има широка примена. Најчесто може да се забележи на облеката, како што се јакни и фармерки, како и на чанти и други текстилни предмети.[5]

Наводи уреди