„Партизани“американско - југословенски партизански филм од 1974 година во режија на Столе Јанковиќ. Постои и истоимена ТВ-серија.

„Партизани“
РежисерСтоле Јанковиќ
ПродуцентМомчило Додочиќ
СценаристХауард Берк
Главни улогиРод Тејлор
Адам Вест
Бриони Фарел
Велимир Бата Живоиновиќ
Петер Карстен
Жанрпартизански
МузикаВојкан Борисављевиќ
КинематографијаБожидар Милетиќ
МонтажаИванка Вукасовиќ
ДистрибутерАвала филм
Noble productions USA
Премиера1974
Времетраење100 минути
ЗемјаСФР Југославија
Јазиксрпскохрватски

Содржина уреди

Дејството се одвива со почетокот на војната, во 1941 година, кога партизаните Марко и Брка го водат својот одред од битка во битка, напаѓајќи германски транспортери, ослободувајќи заробени Евреи, напаѓајќи и саботирајќи фабрики. Марко (Род Тејлор) се вљубува во Еврејката Ана (Бриони Фарел), во која е вљубен и германскиот капетан Курт Келер (Адам Вест), кој на сите начини се обидува да ја најде неа, и конвојот Евреи кои беа „киднапирани“ од партизаните. Заплетот на филмот кулминира кога четниците го убиваат (Велимир Бата Живојиновиќ), а подоцна, решени да ги уништат партизаните, Германците ги напаѓаат со конвој од тенкови. Ранетите партизани се префрлени од Србија во Босна, а Марко и другите партизани, кои го чуваат нивното повлекување, гинат со херојска смрт во борбата со германската армија.[1]

Улоги уреди

Глумец Улога
Род Тејлор Марко
Адам Вест Курт Келер
Бриони Фарел Ана Клајц
Велимир Бата Живоиновиќ Брко
Петер Карстен Полковник Хенке
Оливера Катарина Мила
Бранко Плеша Генерал Штајгер
Маринко Шебез Селе
Јанез Врховец Полковник Хофман
Драгомир Фелба Чича
Гизела Вуковиќ Учителката
Цане Фирауновиќ Поручник Шулер
Јован Јаниќијевич Бурдуш Мачек
Драгомир Чумиќ Иван
Зоран Стојиљковиќ Германски офицер
Драгомир Станојевиќ Германец
Предраг Милинковиќ Еврејски бегалец

Музика уреди

Музиката во филмот („Епопеја на партизаните“) е, всушност, изменета верзија на „Одисеја“ на Лео Мартин.

Надворешни врски уреди

Наводи уреди