Парк на природата Блидиње

Паркот на природата Блидиње ги опфаќа подрачјата на планинските масиви Чврсница, Чабуља и Вран како и делови од териториите на општините Мостар, Посушје, Томиславград, Прозор-Рама и Јабланица.

Блидињското Езеро во пролет

Заради своите поволни геоморфолошки особини и прекрасните предели, подрачјето било прогласено за парк на природата на 30 април 1995 година. Подрачјето Блидиње е единствена природна појава која содржи многу ендемски видови од растителниот и животинскиот свет со доста извори на чиста, пивка вода. Тоа подрачје е познато и како едно од живеалиштата со ендемски бор муника.

Паркот на природата Блидиње го добил името по Блидињското Езеро кое е сместено во Дуго Поље на надморска висина од 1184 м. Површината на езерото е околу 6 км2 со релативно мала длабочина, додека водата во езерото доаѓа првенствено од околните планини Вран и Чврсница со пролетното топење на снегот. Во лето голем дел од водата на Блидињското Езеро исчезнува во понорите, заради што значително опаѓа нивото на езерото. Езерото се наоѓа на подрачјата на општините Посушје и Томиславград и во него се наоѓаат бројни семејства, клен, Aulopyge huegelii, Chondrostoma phoxinus и калифорниска пастрмка. Покрај езерото се протега Дуго Поље, кое денес служи за напасување, а во помал дел се обработува, иако во минатото било обратно.

Најпознати знаменитости на паркот покрај езерото се богатите археолошки наоѓалишта, како и некрополата со 150 стеќакстеќци во Дуго Поље која во јануари 2004 година добила статус на Национален споменик на Босна и Херцеговина. Од културолошките места треба да се спомене и францисканскиот манастир, кој е сместен во подножјето на врвот Плочно (2228 м), на местото викано Масна Лука, а во истото е сместена и уметничката галерија. Секако треба да се споменат масивите на Чврсница и како посебен геоморфолошки резерват Дива Грабовица, во рамките на преубавата целина, го опфаќа и кањонот на реката Грабовица.

Во паркот се наоѓа и познатото светилиште на Кеџари познато по гробот на преубавата Дива, ќерка на Лука Грабовац од Рама. Имено, таа необично му се допаднала на бегот Копчиќ, па овој ја запросил, таа не прифатила, избегала и се крила во Поље за да ја сочува својата чистота. Меѓутоа бегот со помош на кодоши ја наоѓа и убива. На местото каде што се наоѓа Дивиниот гроб секоја година во месец мај многу луѓе одат на поклонение, особено девојки.

Во паркот е сместен и модерен скијачки центар кој во зима е одредиште на многу посетители од Херцеговина и Далмација. Во скијачкиот центар е инсталирана четвороседна жичница со капацитет од 1942 лица на час, со просечен нагиб на патеката од 29,08% како и помала влечница која е погодна за почетници и деца.

Скијачки центар

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди