Параскева Лозанчева

Параскева Костова Лозанчева, по татко Биолчева, е сопруга на Анастас Лозанчев и деец на Македонската револуционерна организација.

Параскева Лозанчева
Роден(а)25 октомври 1880
Прилеп, Османлиско Царство
Починал(а)19 февруари 1936(1936-02-19) (возр. 55)
Софија, Царство Бугарија
СопружникАнастас Лозанчев

Животопис уреди

 
Анастас Лозанчев, Параскева Лозанчева и семејството во Битола.

Параскева Лозанчева е родена на 25 октомври 1880 година во Прилеп, тогаш во Отоманското Царство. Ќерка е на Коста Биолчев од фамилијата Биолчеви. Живее и работи во Битола. На 22 јануари 1900 година се венчала за револуционери Анастас Лозанчев. Кон 1903 година родила две деца на Анастас - Цветан и Еленка. При една од средбите на Гоце Делчев со уапсениот во Битолскиот затвор, Даме Груев во 1902 година мајката на Анастас, Анча Лозанчева и бебето Цветан го придружуваат Гоце Делчев, за да не разбуди сомнеж кај турските власти. По војните Параскева Лозанчева и децата и се населиле во Софија при Анастас Лозанчев. Параскева умира на 19 февруари 1936 година во Софија [1].

Извори уреди

  1. Илюстрация Илинден, 1936, бр.72, стр. 14-15.