Никола V (латински Nicolaus PP. V; 15 ноември 1397 - 24 март 1455) — римски папа од 6 март 1447 до 24 март 1455[1]. Во времето кога тој бил монах во Токсана, Никола бил помаган финансиски од страна на Козимо Медичи. Кога станал папа, неговиот финансиер го назначил за банкар во папството. Откако го зазел папскиот престол, се грижел да преовладува мир меѓу христијаните. Тој бил скромен човек, без големи амбиции, голем хуманист, кој се поклонувал на традицијата на антиката. Голема заслуга му се препишува за отворањето на Ватиканската библиотека, во која денес се наоѓаат многу значајни записи од класичната литература. Во негово време, Османлиите го освоиле Цариград. Таа вест ја потресла цела Европа, а желбата на папата Никола V за организирање на нови крстоносни походи против Османлиското Царство не наишла на поддршка од страна на западноевропските монархии.

Папата Никола V од Петар Пол Рубенс
Папата Никола V од Петар Пол Рубенс
Никола V
Nicolaus V
Родено име Томазо Парентучели
Папа од 6 март 1447
Папа до 24 март 1455
Претходник Папа Евгениј IV
Наследник Папа Каликст III
Роден 15 ноември 1397
Сарцана, Лигурија, Италија
Починал 24 март 1455
Рим
Други папи по име Никола (појаснување)

Наводи уреди