Панче Лазаров Блажески ( 1924 во Тетово1944 во Ракле, Прилепско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Панче Блажески
Роден 1924 година
Тетово, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал февруари, 1944 година
Ракле, Прилепско, Македонија
Националност Македонец

Животопис уреди

Роден бил во Тетово, но живеел во Кичево. По завршувањето на основното училиште учел гимназија, но поради тешките услови го прекинал школувањето и почнал да го учи часовникарскиот занает. За време на окупацијата бил активен член на Спортскиот клуб „Кичево“ каде бил воспитуван во духот на народно-ослободителното движење. Во есентта 1943 година заминал партизан во редовите на Баталјонот „Мирче Ацев“, а потоа станал борец во Првата македонско-косовска бригада. Со Бригадата учествувал во познатиот Февруарски поход во Егејска Македонија. По борбите кај Богомила во февруари 1944 година, останал со групата која била отцепена од главнината на Бригадата ѝ кај селото Ракле (Прилепско) се убиени од бугарските фашисти заедно со Љубица Богеска.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 42.