Панчаревско Езеро
вештачко езеро во Бугарија
Панчаревско Езеро — вештачко езеро во западна Бугарија, на реката Искар, в крајот на Панчаревската Клисура, помеѓу Лозенска Планина и Витоша, на 600 м. н.в. Должината му е 3 км, а ширината до 400 м, длабочината достигнува до 15 м. Се наоѓа на 15 км јужно од Софија. На западниот брег сместено е селото Панчарево и Панчаревските минерални извори, а во околината се наоѓаат и селата Кокалјане и Герман. Источниот брег на езерото е опколен со дабови и борови шуми. Во подрачјето на Панчаревското Езеро се изградени спортски терени и урбани објекти. Питомата природа и блискоста до Софија, го прават омилено место за излети на софијанци.
Панчаревско Езеро | |
---|---|
Вид | вештачко езеро |
Земји во сливот | Бугарија |
Најг. должина | 3 км |
Најг. ширина | 700 м |
Најг. длабочина | 30 м |
Надм. височина на површината | 600 м |
„Панчаревско Езеро“ на Ризницата ? |