Панфиз — меѓународен фестивал на пантомима и физички театар, кој се одржува во Скопје, Македонија. Фестивалот „Панфиз“ започнал да се одржува во 2007 година, со цел да ја промовира идејата на реално место да се постави пантомимата како сценска, театарска дисциплина. Се одржува во месец август. На фестивалот со свои изведби на пантомима настапиле групи од Македонија, Франција, Бугарија, Романија, Германија и Србија[1].

Наводи

уреди
  1. Јолевски, Љупчо (5 октомври 2017). „„Панфиз" - 10 години фестивалски ентузијазам“. Радио Слободна Европа. Посетено на 22 март 2018.