Панде Стевов Јовчевски - Кајзеро (15 јули 1923 во Лавци (Битолско)22 јуни 1943 во Лавци (Битолско)македонски партизан, борец за слобода на Македонија, македонски комунист и учесник во НОВ.

Панде Јовчевски - Кајзеро
Роден 15 јули, 1923 година
Лавци (Битолско), Македонија
Починал 22 јуни, 1943 година
Лавци (Битолско), Македонија
се самоубил со бомба во нерамна борба против Бугарската војска.

Животопис уреди

 
Биста на Панде Кајзеро во битолскиот парк

Потекнува од земјоделска фамилија, а и самиот бил земјоделец. Прогресивното движење што го имало опфатено селото Лавци не го заобиколило и младиот Панде. Тој бил опфатен во воспитна група и доста рано ја помагал НОВ. На 25 ноември 1942 година и самиот се приклучил кон единиците на НОВ и ПОМ. Прво бил во партизанскиот одред „Даме Груев“, а потоа во одредот „Јане Сандански“.[1] На 13 јуни 1943 година бил примен за член на КПЈ.[2]

На 22 јуни 1943 година селото Лавци било опколено од бугарска војска и полиција. Панде Кајзеро, заедно со Панде Ташкоски, тргнале да се вратат во партизанскиот одред, но наишле на бугарска заседа која ги раздвоила. Панде Ташкоски успеал да се пробие, а Панде Кајзеро отпочнал нерамна борба со непријателот. Во триесетминутната нерамна битка,[3] успеал да ликвидира 13 или 14 бугарски полицајци и војници. Откако му завршила муницијата, со последната бомба се самоубил.[4][5]

Неговата смрт е прикажана во филмот „Македонски дел од пеколот“.

Наводи уреди

  1. „Сојуз на борците - Битола“. Архивирано од изворникот на 2011-07-22. Посетено на 2014-09-01.
  2. Панде Ташкоски, „Доследни на заветот“, „Наша книга“, Скопје, 1990, 20 стр.
  3. Александар Литовски, „Споменици и спомен-обележја во Битола и Битолско“, Завод и Музеј Битола, Битола, 2012, 54 стр.
  4. Панде Ташкоски, „Доследни на заветот“, „Наша книга“, Скопје, 1990, 50-59 стр.
  5. Дане Петковски, Владо Стрезоски, „Bорбена дејства у Zападној Македонији 1941-1944.“, Београд, 1983.