Панагија[1][2] (енколпион) — дел од епископската облека. Тоа е мала икона, претежно со кружен облик, изработена од емајл, сребро и злато на која е претставена (однатре) Богородица со малиот Христос во рацете, а од другата страна Исус Христос или Света Троица во форма на три ангели - како гостопримството на Авраам. Претходно била изработувана во форма на диптих.

Бронзена панагија од Ерусалим во византиски стил

Панагијата ја носи епископот на градите, како трајно потсетување на својот долг во срцето да го носи Господа и да верува во застапувањето на Неговата Пресвета Мајка. Панагија на грчки (Παναγία) значи Сесвета.

Наводи уреди