„Палешка“ (дански: Tommelise) — сказна на Ханс Кристијан Андерсен од 1835 година.

Палешка

Содржина уреди

Некоја жена сакала да добие бебе и затоа се обратила до една вештерка. Вештерката ѝ дала зрно јачмен кое жената го посадила и од него изникнало цвеќе, а во цветот имале девојче. Бидејќи девојчето било малечко колку палецот на раката, жената го нарекла Палешка. Меѓутоа, една ноќ, додека Палешка спиела во својата постела во ореова лушпа, низ скршениот прозорец во собата влегла крастава жаба на која девојчето ѝ се допаднало и таа го грабнала со намера да му стане жена на нејзиниот син. Додека жабата ја подготвувала брачната соба, Палешка ја ставила на еден лист на средината на реката. Тогаш, рибите слушнале за судбината на Палешка и ја ослободиле, па таа запловила на листот по течениеот на реката. Додека пловела, неа ја грабнал бумбар, кој бил привлечен од нејзината убавина. Меѓутоа, другите бумбари изјавиле дека девојчето е многу грдо, па бумбарот се поколебал и ја ослободил Палешка, оставајќи ја во шумата каде таа продолжила да живее некое време. Но, кога стегнал зимскиот студ, Палешка била принудена да влезе во дупката во која живеела една глувчица. Таму, Палешка го запознала богатиот крт, кој веднаш се вљубил во неа. Додека кртот ги водел Палешка и глувчицата низ ходникот до неговиот дом, тие забележале замрзната ластовица. Потоа, Палешка се вратила на местото и ја стоплила птицата, која набргу оживеала. Така, Палешка ја негувала птицата во текот на зимата, а пролетта, таа одлетала на слобода, додека Палешка останала да живее со глувчицата. Во меѓувреме, кртот ја закажал свадбата и во текот на летото Палешка подготвувала дарови. На денот на свадбата, таа била многу тажна и излегла надвор за да се прости од надворешниот свет, а тогаш се појавила ластовицата, Палешка ѝ се качила на грбот и тие одлетале на југ. Кога пристигнале до домот на ластовицата, Палешка отишла да набере цвеќе и тогаш видела малечок човек со крила. Тој бил кралот на свеќињата, кој веднаш ја побарал за жена. Во таа земја живееле и други малечки луѓе, кои на Палешка ѝ ставиле крилја и ја нарекле Маја. Потоа, таа одлетала со нив, а ластовицата повторно заминала во северните краишта.[1]

Наводи уреди

  1. Ханс Кристијан Андерсен, Бајки. Скопје: Македонска книга и Детска радост, 1967, стр. 3-15.