Пазарот на труд (англиски: Labour Market) претставува организирано сретнување на понудата и побарувачката на труд (работна сила).

Активно население, вработеност и невработеност уреди

Пазар на труд во Македонија уреди

Според податоците на Државниот завод за статистика, во последниот квартал на 2014 година, активното население во Македонија изнесувало 961.416 лица, од кои вработени биле 696.046, а невработени 265.370. Стапката на активност изнесувала 57,4%, стапката на вработеност била 41,5%, а стапката на невработеност 27,6%. Според половата структура, од вкупниот број вработени, 426.134 биле мажи, а 269.912 жени, додека од невработените, 158.383 биле мажи, а 106.986 жени. Што се однесува до економски неактивното население, 253.986 биле мажи, а 460.978 жени.[1]

Според податоците на Евростат, еден македонски работник за еден работен час создава само 42,9% од просечната додадена вредност во ЕУ.[2]

Наводи уреди

  1. „Македонија со стапка на невработеност од 27,6%“, Дневник, година XIX, број 5715, петок, 13 март 2015, стр. 6.
  2. Мирче Јовановски, „продуктивноста - стара болка на македонската економија“, Економија и бизнис, година 20, број 244, ноември 2018, стр. 50-51.