ПУ „Браќа Миладиновци“ - Ратавица

основно училиште во Македонија

Основно училиште „Браќа Миладиновци“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Браќа Миладиновци“ - Ратавица; скратено: ПООУ „Браќа Миладиновци“) — подрачно основно училиште во селото Ратавица, составен дел на истоименото училиште од градот Пробиштип.[1]

Браќа Миладиновци

Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Место
Општина: Општина Пробиштип
Наречено по: Браќа Миладиновци
Нас. место: Ратавица
Адреса: с. Ратавица
Местоположба

Карта

Основни информации
Основано: 1950
Број на ученици: 12
Настава на: македонски
Контактни информации

Училиштето е именувано по македонските писатели Браќа Миладиновци.

Местоположба уреди

Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Ратавица, сместено на излезот од селото.

Настава уреди

Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.

Наставата се изведува во една комбинирана паралелка за сите 12 ученици.

Наводи уреди

  1. „ООУ Браќа Миладиновци“. Општина Пробиштип. Посетено на 18 април 2019.

41°58′8″N 22°13′5″E / 41.96889° СГШ; 22.21806° ИГД / 41.96889; 22.21806