ПУ „Браќа Миладиновци“ - Будаково-Трап

основно училиште во Македонија

Основно училиште „Браќа Миладиновци“ (официјално: Подрачно основно училиште „Браќа Миладиновци“ - Будаково-Трап; скратено: ПОУ „Браќа Миладиновци“) — подрачно основно училиште во селото Будаково, составен дел на истоименото училиште во селото Добрушево.[1]

Браќа Миладиновци

Поглед на подрачното основно училиште „Браќа Миладиновци“
Поглед на подрачното основно училиште „Браќа Миладиновци“
Место
Општина: Општина Могила
Наречено по: Браќа Миладиновци
Нас. место: Будаково
Адреса: с. Будаково
Местоположба

Карта

Основни информации
Настава на: македонски и турски
Контактни информации

Училиштето е именувано по македонските поети Браќа Миладиновци.

Местоположба уреди

Објектот на училиштето се наоѓа во јужниот дел од селото, во непосредна близина на соседното село Трап.

Историја уреди

Во 2014 година, училишната зграда била обновена со поддршка од Турската агенција за соработка и координација.[2]

Настава уреди

Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува на македонски наставен јазик за учениците од Трап и на турски наставен јазик за учениците од Будаково.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „За нас...“. македонски: ОУ „Браќа Миладиновци - Добрушево. Посетено на 31 јули 2019.
  2. „Учениците во Будаково добија реконструирано училиште“. македонски: Канал 5. 28 октомври 2014. Посетено на 16 октомври 2019.

41°08′11.4″N 21°28′18.5″E / 41.136500° СГШ; 21.471806° ИГД / 41.136500; 21.471806