Отворање на градска кафеана во Битола

Отворање на градска кафеана во Битола е филм на браќата Милтон и Јанаки Манаки од 1912 година во времетраење од 2 минути. Филмот е снимен во стандард техника, без звук, во црно бела техника и 35мм филм.

„Отворање на градска кафеана во Битола“
кадар од филмот
РежисерЈанаки Манаки
Милтон Манаки
Премиера1912
Времетраење2 мин
ЗемјаМакедонија Македонија

Кратка содржина уреди

Целиот материјал за двоминутниот филм Отворање на градска кафеана во Битола е снимен со статична камера од еден агол и безмалку во една секвенца [1].

Во текот на целото време се прикажува снимка на надворешни скалила по кои слегуваат гости на кафеаната. Најпрвин по нив оди група жени со деца. Потоа следуваат група српски офицери, господа со полуцилиндри, свештено лице, маж со фес и, на крајот, двајца српски офицери. Во кадар постојано се и двајца убаво облечени мажи, кои ги пречекуваат (или испраќаат) гостите. Едниот од нив е горе на скалата, а другиот долу, во нејзиното подножје. Првиот слегува по доаѓањето на последниот гостин.

Белешки уреди

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди