Острово (населба во Скопје)

населба во Општина Аеродром
(Пренасочено од Острово (Скопје))

Острово ― населба во северозападниот дел на Општина Аеродром.

Острово
Населба
Населбата (во позадина) гледана од населбата 13 Ноември
Населбата (во позадина) гледана од населбата 13 Ноември
Координати: 41°59′26″N 21°27′5″E / 41.99056° СГШ; 21.45139° ИГД / 41.99056; 21.45139
ДржаваМакедонија
ОпштинаАеродром
Површина
 • Вкупна20,84 ха (5,150 acres)
Карта
Карта на Острово.

Географија уреди

На север и североисток граничи со реката Вардар (преку реката е населбата Ќерамидница), на исток со 13 Ноември, на југоисток граничи со населбата Аеродром, додека на југ и југозапад граничи со Мичурин. Северозападна граница му претставува ГЖС „Скопје“ (преку пругата е Маџир Маало).

Историја уреди

 
Шаторската населба Острово.

Населбата започнала да постои по Втората светска војна.

По катастрофалниот земјотрес од 1963, таму бил сместен згрижувачки камп односно т.н. шаторска населба Острово. Шаторската населба Острово бил најхигиенскиот згрижувачки камп од сите 27 кампови наменети за настраданите во земјотресот. Задолжени за изградбата на кампот биле градежните претпријатија Пелагонија и Монтер кои ископале и уредиле санитарни јазли, изградиле две батерии со 16 славини, приклучиле водоводна мрежа, соѕидале неколку казани и бањи со бојлери. Отпрвин кампот згрижил 800, a по спојувањето со шаторската населба Аеродром-Вардар над 4.000 лица.[1]

Демографија уреди

На територијата на населбата се наоѓа една дива ромска населба.[2]

Според пописот од 2002, населбата Острово била статистички споена (под статистичкиот назив Аеродром) со населбите 13 Ноември, Аеродром, Јане Сандански, Лисиче, Мичурин, Ново Лисиче. Во таа статистичка целина живееле 72.009 жители од кои 96% биле Македонци, 2% Срби и 2% други народности како Роми, Турци и Власи.[3]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, населбата Острово била статистички споена (под статистичкиот назив Аеродром) со населбите 13 Ноември, Аеродром, Горно Лисиче, Јане Сандански, Лисиче, Мичурин, Ново Лисиче, Реонски Центар. Таа статистичка целина имала 75.108 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно
Македонци 63.764
Албанци 850
Турци 464
Роми 459
Власи 651
Срби 2.125
Бошњаци 403
Други 6.392

Општествени установи уреди

Самоуправа и политика уреди

Избирачко место уреди

Населба Мичурин, општина Аеродром - организација на избори[4][5]
Број на избирачко место Установа кадешто се наоѓа Женски гласачи Машки гласачи Регистрирани гласачи
2673 ОУ „Браќа Миладиновци“ 357 388 745
2674 ОУ „Браќа Миладиновци“ 450 539 989
2675 ОУ „Браќа Миладиновци“ 325 382 707
2676 ОУ „Браќа Миладиновци“ 304 372 676
2677 ОУ „Браќа Миладиновци“ 282 325 607
2682 ОУ „Браќа Миладиновци“ 665 748 1413
Вкупно 2.383 2.754 5.137


На парламентарните избори во 2024 година, гласале вкупно 3.348 жители, каде 51% од гласовите освоила Коалицијата “Твоја Македонија“ ВМРО-ДПМНЕ, 17% Коалицијата за европска иднина - СДСМ и 15% партијата Левица.[6]

Културни знаменитости уреди

  • ТЦ Скопјанка

Наводи уреди

  1. „Животот во шаторските населби (2)“. okno.mk. 8 август 2013. Архивирано од изворникот на 2013-08-09. Посетено на 2 јануари 2023.
  2. „Катанга кај Острово“. Година: 3 Број:893. Вест. 6/30/2003. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2013-03-16. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. Адресар на општини во Република Македонија, Град Скопје, 2002 година.
  4. Состојба 5.2024.
  5. „Избирачки список“.
  6. „Резултати парламентарни избори 2024 - 08.05.2024“. line feed character во |title= во положба 36 (help)

Надворешни врски уреди