Осташков ( руски: Осташков) е град на северозапад на европскиот дел на Руската Федерација и административен центар на Осташковскиот реон сместен во северозападниот дел на Тверската област.

Осташковска соборна црква

Според проценките на Националната статистичка служба, во градот во 2014 година живееле 17 109 жители.

Географија уреди

Градот Осташков се наоѓа на северозапад на Тверската област, односно во централниот дел на Осташковскиот реон, на кој е исто така и административен центар. Се наоѓа на тесен полуостров на јужниот брег на езерото Селигер и е оддалечен на околу 200 километри северозападно од административниот центар на областа на градот Твер.

На околу еден километар и половина источно од градот, од езерото тече реката Селижаровка, првата значајна притока на реката Волга, додека на околу 7 километри јужно од градот се наоѓа моренскиот езерото Сиг.

Историја уреди

Населбата Осташково за првпат се споменува во пишани извори во 1371 година во писмо од литванскиот кнез Алгирдас упатено до Цариградскиот патријарх Филотеј. Во тоа писмо, Осташков се споменува како погранична населба Кличен на границата со Московското Кнежевство, сместено на истоимениот остров на езерото Селигер. Населбата во 1393 година ја освоиле и целосно разрушиле новгородските војници. Според легендата, единствениот преживеан од уништувањето бил локалниот рибар Јевгениј Осташко, кој подоцна основал нова населба наречена по него, Осташков.

Во периодот од XV до XVIII век, Кличен-Осташков бил центар на истоимената парохија, која прво била дел од Ржевското кнежевство, а потоа и од Ржевскиот округ. Потоа во периодот од 1772 година до 1775 година станал центар на Осташковскиот округ во Тверската провинција, а потоа и Тверската губернерија. Во 1770 година Осташков добил статус на слободен град.

Демографија уреди

Според податоците од пописот во 2010 година во градот живееле 18 088 жители, додека според проценките за 2014 година градот имал 17 109 жители.

Движење на бројот на жители
1939 година 1959 година 1970 година 1979 година 1989 година 2002 година 2010 година 2014 година
19 003 19 542 23 419 24 380 27 401 20 660 18 088 17 109

Збратимени градови уреди

Поврзано уреди

Користена литература уреди

Надворешни врски уреди