Карл Оскар Јохан Левицки (роден на 14 јули 1992 во Малме) — шведски фудбалер, играч од средниот ред на Малме и на шведската репрезентација.

Шведска Оскар Левицки
Лични податоци
Полно име Карл Оскар Јохан Левицки
Роден на 14 јули 1992(1992-07-14)(31 г.)
Роден во Малме, Шведска
Висина &100000000000001800000001,80 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Малме Малме
Број 6
Младинска кариера
Лимхамнс Лимхамнс
Малме Малме
Бајерн Минхен Бајерн Минхен
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2010-2011 Бајерн Минхен Бајерн Минхен 0 (0)
2010–2011Бајерн Минхен II Бајерн Минхен II 33 (0)
2011–2014 Хекен Хекен 69 (2)
2015- Малме Малме 0 (0)
Репрезентација
2007-2009 Шведска Шведска 17 20 (2)
2010 Шведска Шведска 19 6 (0)
2011- Шведска Шведска 21 20 (2)
2014- Шведска Шведска 4 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 21 септември 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 6 септември 2011

Кариера уреди

Баерн Минхен уреди

Левицки му се приклучил на Бајерн Минхен на 16 годишна возраст од клубот од неговиот роден град Малме во 2008 година и ја продолжил својата кариера во младински сектор. Тој за првпат бил вклучен во резервниот тим на Баерн кон крајот на сезоната 2009-10 и се појавува како неискористена замена во голем број на натпревари кон крајот на сезоната. Тој го направил своето деби во почетокот на следната сезона во поразот со 4-1 пораз од Кикерс Офенбах и направил 33 настапи за вториот тим на Баерн Минхен, кој отпаднал од 3. Лига таа сезона. На Левицки му бил понуден про-договор со првиот тим, но тој го одбил[1] и во јуни 2011 година станал слободен играч.[2]

Хекен уреди

И покрај напорите на ФК Бајерн Минхен кои сакале повторно да потпишат договор со Левицки, тој избрал се врати во Шведска и да и се приклучи на екипата на Хекен во август 2011 година, потпишувајќи договор во трајност до 2014 година. Главната причина поради која го сменил клубот била недостатокот на минути за првиот тим на Баерн во блиска иднина.[3] Во првата сезона во Хекен не направил ниту еден настап за првиот тим. Своето деби го направил на почетокот на следната сезона на 31 март 2012, играјќи го целиот натпревар во ремито без голови на гостувањето кај ГАИС. На 1 ноември 2012, го постигнал својот прв гол за Хекен во ремито 1-1 на домашен терен против АИК. Левицки поминал четири сезони во Хекен пред да си замине од клубот по истекувањето на неговиот договор во 2014 година.

Малме уреди

На 13 ноември 2014 година, првиот клуб на Левицки Малме објавил дека тој се враќа во клубот откако потпишал три-годишен договор.[4] Трансферот официјално бил потврден на 8 јануари 2015 година.

Титули уреди

  Шведска репрезентација уреди

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-12-26. Посетено на 2015-03-12.
  2. „Lewicki, Oscar“ (германски). kicker.de. Посетено на 30 April 2011.
  3. „U21-landslagsman klar för Häcken“ (шведски). Aftonbladet. Посетено на 2 August 2011.
  4. „Oscar Lewicki till MFF“. mff.se (шведски). Malmö FF. 13 November 2014. Архивирано од изворникот на 2014-11-29. Посетено на 17 November 2014.