Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 1992

список на статии на Викимедија

Во списокот на освојувачи на медали по земји на Зимските олимписки игри 1992 се наведени сите земји-учеснички на игрите кои освоиле медали. Најуспешна нација на игрите била репрезентацијата на Германија, која освоила 10 златни од вкупно 26 медали.

Најуспешен натпреварувач на игрите била руската скијачка Љубов Егорова, која освоила 3 златни и 2 сребрени медали.

Список по земји уреди

Списокот е направен според информациите добиени од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и е во склад со прописите утврдени од страна на МОК за составување на ваквите списоци. Според прописите, земјите во списокот се претставени со нивните национални олимписки комитети, а се подредени по бројот на освоени златни медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат еднаков број на освоени златни медали, подредувањето продолжува по освоените сребрени, па по освоените бронзени медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат освоено ист број на златни, сребрени и бронзени медали, тогаш тие заземаат исто место во списокот и се прикажани според редоследот на првата буква во абецедата.

Место Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1   Германија (1992) 10 10 6 26
2   Обединета екипа (1992) 9 6 8 23
3   Норвешка (1992) 9 6 5 20
4   Австрија (1992) 6 7 8 21
5   САД (1992) 5 4 2 11
6   Италија (1992) 4 6 4 14
7   Франција (1992) 3 5 1 9
8   Финска (1992) 3 1 3 7
9   Канада (1992) 2 3 2 7
10   Јужна Кореја (1992) 2 1 1 4
11   Јапонија (1992) 1 2 4 7
12   Холандија (1992) 1 1 2 4
13   Шведска (1992) 1 0 3 4
14   Швајцарија (1992) 1 0 2 3
15   Кина (1992) 0 3 0 3
16   Луксембург (1992) 0 2 0 2
17   Нов Зеланд (1992) 0 1 0 1
18   Чехословачка (1992) 0 0 3 3
19   Северна Кореја (1992) 0 0 1 1
19   Шпанија (1992) 0 0 1 1
Вкупно 57 58 56 171

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди