Операција Пик – воена операција на Вермахтот против југословенските и албанските партизани во поширокиот регион на Кичево и Ѓаковица. Се водела од 12 до 21 февруари 1944 година.

Митинг во ослободеното Кичево на 26 септември 1943 година по повод формирањето на народноослободителниот одбор за западна Македонија.

Позадина уреди

По капитулацијата на Италија, 8 септември 1943 година, бил проширен опсегот на слободни територии во западна Македонија. Кичево и Дебар биле првите ослободени градови по капитуалацијата. Најголемата слободна територија, Дебарца, ги опфаќала градовите Кичево, Дебар, Струга, Охрид и Ресен. Тогаш Главниот штаб на Народноослободителните партизански одреди на Македонија (ГШ НОПОМ) бил организиран во Главен штаб на НОВ и ПО на Македонија.

Тек на операцијата уреди

Операцијата Пик почнала по тешко невреме, со задоцнување од 24 часа, т.е. 13 февруари 1944 година. Траела 8 дена и завршила на 21 февруари. Борбите се воделе на два различни правци: западно од Кичево и јужно од Ѓаковица, првенствено против тамошните партизански снаги на Албанија како и партизанските снаги на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија и Главниот штаб на НОВ и ПО за Космет.[1]

Наводи уреди

Надворешни врски уреди