„Олдбој (англиски: Oldboy) — филм на режисерот Чан-Вук Парк од 2003 година, снимен по сценариото на Гарон Цучија и Нобуаки Минегиши. Главните улоги ги играат: Чој Мин-Сик, Џи-тае Ју, Ганг Хје-џунг, Дае-хан Џи, Дал-су О итн. Филмот претставува втор дел од трилогијата за мотивите на човековата одмазда. Тој бил најгледаниот филм во Јужна Кореја во 2003 година и со него започнал интересот за корејските филмови во светот. Филмот бил награден со Гран при на Канскиот филмски фестивал.[1]

Синопсис уреди

Дае-су О (го игра Мин-Сик) е млад службеник од Сеул, кој има жена и малечка ќерка. Еден ден, кон крајот на 1980-тите, тој е грабнат на улица, а потоа, во текот на 15 години, непознати луѓе го држат затворен. За време на затвореништвото, неколкупати се обидува да се убие и да побегне, но без успех. Еден ден, наеднаш го ослободуваат, а кај себе има мобилен телефон. Дае-су влегува во ресторан каде запознава убава девојка и почнува да живее со неа. Непознатиот човек му се јавува одвреме-навреме и му дава упатства како да го пронајде човекот кој е одговорен за неговото заробеништво. Така, тој успева да ги најде своите мачители, но не ја знае причината за тоа...

Наводи уреди