„Одродени...“ — песна на македонскиот поет Коле Неделковски, дел од поетската збирка „Молскавици“, објавена во 1940 година, во Софија.

Осврт кон поемата уреди

Пред излегувањето на „Молскавици“, песната „Одродени“ претходно веќе била објавена во списанието „Илустрација Илинден“ (Илустрация Илиндень), кн. 6/106, година XI, јуни 1939 година. Текстот на песната во списанието е ист како во збирката, со една мала промена во третиот стих од седмата строфа: во списанието стои: „кој ќе сака да ни дојди“, додека во збирката овој стих гласи: „кој ќе сака да ни дојде“.[1]

Наводи уреди

  1. Тодор Димитровски, „Белешки“, во: Коле Неделковски, Стихови. Кочо Рацин, Скопје, 1958, стр. 90.