Огар претставува митолошко суштество, големо и злобно човеколико чудовиште. Огрови најчесто се среќаваат во бајките, фолклорот и книжевните дела како се хранат со луѓе. Во уметноста, оргите често се прикажани како суштества со огромна глава, со бујна коса и брада, голем стомак и мускулесто тело.

цртеж на Џовани Ланфрнако ,сцена од Orlando Furioso, на сликата се прикажани Норандињо и Луција заедно со пронајдениот огар за време на нивниот меден месец.
Hop o' My Thumb, илистрација наGustave Doré

Потекло на поимот уреди

Зборот огар наоѓа широка примена по неговата употреба во делата на Шарл Перо (Charles Perrault)(1628-1703), како и Мари Катрин Џумел де Берневиљ. Други извори , пак, велат дека името доаѓа од зборот Hongrois што значи Унгарец. Овој збор му дава често инспирација и на италијанскиот автор Џанбатиста Басил (1575-1632) , кој го користи зборот uerco или на стандарден италијански orco.

 
Фонтана на огар во Берн, Швајцарија.

Огрите во современата белестристика и филмови уреди

Во литератаурата за деца често можат да се сретнат огрови кои ги киднапираат принцезите кои ги спасуваат насилните витези или понекогаш слуги. Огрите, исто така, се популарни и во фантазиските фикции, како на К. С. Луис како и најразлични фанатазиски игри.

- Во филмот Шрек на Мајк Мајрс огарот Шрек ја игра главната улога, користејќи шкотски акцент. Шрек е антисоцијален, но не и лош огар, кој живее во мочуришна област. Неговата сопруга, Принцезата Фиона, е родена како човек но подоцна се претвора во огар поради нивната фасцинантна љубов. Во последниот излезен дел на Шрек, наречен Шрек Трети тука се и трите нивни мали деца-огрови.

- Овие филмови за Шрек се засноваат на детска книга, исто така, наречена Шрек од Вилијам Стејг.

- Во филмовите на Дизни се честопати присутни овие или слични ликови на огри, како штом се Адвентурите на мечињата Џуми.

- Книгата на Рут Менинг-Сандерс, Книга за огрите и мамците, содржи 13 приказни за доживувања со огри.

- Во цртаниот филм [[ фови]], огрот Голема Уста се појавува повремено во улогата на помошник на штрумпфовите од злобинот волшебник Гаргамел.

Огар честопати се употребува со метафорско значење, како во делата на Жак Ческс и Нејсер Кемир од кои постои цела колекција на бајки.

Огрите во современите игри уреди

Огрите се појавуваат во многу популарни фантазиски филмски игри како и видеоигри.