ОУ „Наим Фрашери“ - Јагол Доленци

основно училиште во Македонија

Основно училиште „Наим Фрашери“ (официјално: Основно општинско училиште „Наим Фрашери“ - Јагол Доленци; скратено: ООУ „Наим Фрашери“; во минатото: ОУ „Даме Груев“) — централно основно училиште во селото Јагол Доленци. Училиштето се наоѓа помеѓу селата Јагол и Јагол Доленци.

Наим Фрашери

Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Место
Општина: Општина Кичево
Наречено по: Наим Фрашери
Нас. место: Јагол Доленци
Адреса: с. Јагол Доленци
Местоположба

Карта

Основни информации
Број на ученици: 84[1]
Настава на: албански
Контактни информации
Мреж. место naimbejfrasheri.weebly.com/
Е-пошта naimbejfrasheri@gmail.com
Телефон (045) 258-598

Денес, училиштето е именувано по албанскиот поет, Наим Фрашери, додека во минатото училиштето го носело името на македонскиот револуционер Даме Груев.[2]

Местоположба уреди

Објектот на централниот објект на училиштето се наоѓа на самиот влез во селото Јагол Доленци, од десната страна на асфалтниот пат.

Историја уреди

Првото училиште во селото било отворено во 1906 година, кога предавал Љуба Репиќ. Училиштето отсекогаш било централно, бидејќи селото служело како средиште за околните 12 села.[3]

Настава уреди

Во училиштето наставата се изведува на албански наставен јазик.[4]

Училиштето во минатото имало настава на македонски наставен јазик.

Подрачни училишта уреди

Во составот на училиштето спаѓаат:[1]

Наставата од шесто до деветто одделение, учесниците од подрачното училиште во Калешовци продолжуваат да ја следат во подрачното училиште во Туин, додека останатите во централното училиште во Јагол Доленци.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „ГОДИШНА ПРОГРАМАНАОУ"НАИМ ФРАШЕРИ "ЗА УЧЕБНАТА 2019/2020 ГОД“. Општина Кичево. Text "urlhttp://kercova.gov.mk/sovet1/25/3/Naim%20Frasheri/Godishna%20programa.pdf" ignored (help); Отсутно или празно |url= (help); |access-date= бара |url= (help)
  2. „СЛУЖБЕН ВЕСНИК“ (PDF). Службен весник. Посетено на 2021-01-04.
  3. Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 46.
  4. „Во Кичево нема пари за нафта и струја за училиштата, ама има за плати за превработеноста со наставници и хаусмајстори“. МКД.мк. Архивирано од изворникот на 2022-09-20. Посетено на 2021-01-04.

41°37′25.33″N 21°00′42.27″E / 41.6237028° СГШ; 21.0117417° ИГД / 41.6237028; 21.0117417