ОУ „Гоце Делчев“ - Кавадарци

„Гоце Делчев“основно училиште во Кавадарци, Општина Кавадарци.[1].

Гоце Делчев

Место
Општина: Општина Кавадарци
Нас. место: Кавадарци
Адреса: ул. „Цветан Димов“ бр.1
Местоположба
Основни информации
Директор: Љупчо Јорданов
Настава на: македонски
Контактни информации

Учество на натпревари уреди

Училиштето Гоце Делчев учествува во многу натпреавари како општински,така локални и државни.

Историја уреди

Јубилеј 35 години уреди

 
Дворот на училиштето

Патронен празник, 35 години постоење, пуштање во употреба нови модеренизирани и современи простории, краен резултат од проектот со УСАИД, за сето ова денес славеше О.У.Гоце Делчев Кавадарци. 35 годишниот јубилеј е достоен за почит, нешто со што се гордееме.Низ сите тие години сме само сведоци дека училиштето прераснува во модерна и современа образована установа. Ја имаме поддршката од градоначалникот Александар Панов, со нас се и УСАИД нашите пријатели со чија помош добивме реновирано училиште, нови врати, прозорци, севкупно фасада, столарија, парен котел, потенцираше пред присутните директорот на училиштето Љупчо Јорданов.

И за градоначалникот Александар Панов кој гордо потенцираше дека припаѓа на првата генерација ученици од ова училиште поддршката е најважна. Тој вети дека постојано образованието во Кавадарци ќе се унапредува и модеренизира, бидејќи за днината на младите тоа е најважно.

Ова е трето училиште кое со наша несебична помош се реновира во Кавадарци. Во Македонија до денес нашиот проект опфати вкупни 85 училишта, но продолжуваме и се стремиме до крајот на проектот да се надмине бројката од 100 реновирани училишта, рече директорот на проектот на УСАИД за основно образование Кит Прентон.

Прекрасно е да се види како училишната заедница и Општината работат заедно во парнерство со проектот на УСАИ за да се обезбеди подобра околина за образование и развој на децата, бидејќи тие се нашата иднина, рече претставничката на Американската амбасада Аманда Кимко.

На свечената седница по повод одбележувањето на патрониот празник, училиштето денес ги додели и јубилејните награди. Нив ги понесоа вработени кои годинава заминуваат во пензија и вработени со 30, 20 и 10 годишен работен стаж. Благодарници директорот на училиштето додели и на своите парнери, соработници, а награди добија и најуспешните ученици од објавениот литературен и ликовен конкурс. Свечената седница во О.У.Гоце Делев заврши со полагање на свежо цвеќе пред бистата на патронот во дворот на училиштето.

Познати личности вработени во ова училиште уреди

Гоце Давидов

Во учебната 2009/10 година младиот скулптурист и наставник по ликовно образование беше прогласен за добитник на наградата за изградба на споменикот на Јане Сандански кој ќе се вклопи во проектот ,„Скопје 2014“. Првата награда од 300 илјади денари ја доби Давидов, по чие идејно решение и ќе се прави споменикот на револуционерот Јане Санадски.Гоце Давидов е достоен да ја има честа да биде добитник на оваа награда. Советот на Општина Аеродром дал зелено светло за поставување споменик на Јане Сандански, кој ќе се изработил според идејното решение на авторот Гоце Давидов. Споменикот ќе чини околу 150.000 евра и ќе биде поставен во зеленилото крај полицискатастаница на аголот на булеварите „Јане Сандански“ и АВНОЈ.[се бара извор]

Наводи уреди

  1. „Регистар на основни училишта“. data.gov.mk. Посетено на 30.01.2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)