ОУ „Страшо Пинџур“ - Јосифово

основно училиште во Македонија

Основно училиште „Страшо Пинџур“ (официјално: Основно општинско училиште „Страшо Пинџур“ - Јосифово; скратено: ООУ „Страшо Пинџур“) — централно основно училиште во валандовското село Јосифово.[1][2]

Страшо Пинџур

Поглед на училиштето
Поглед на училиштето
Место
Општина: Општина Валандово
Наречено по: Страшо Пинџур
Нас. место: Валандово
Адреса: Ул. „“ бб, Јосифово
Местоположба

Карта

Основни информации
Основано: 1963 (1963)
Директор: Антонио Дилберов
Број на ученици: 292 (2023/24)
Настава на: македонски и турски
Контактни информации
Мреж. место ooustrasopindzur.edu.mk/
Е-пошта oustrasopindzur@yahoo.com
Телефон 034/386-181
Факс 034/386-181

Училиштето е именувано по македонскиот партизан Страшо Пинџур.

Историја уреди

Во 1963 година, во Јосифово било основано осумгодишното училиште. Прв директор на училиштето бил Никола Колев. При создавањето имало само четири учители, чиј број се зголемил со порастот на бројот на децата.

Во средината на осумдесеттите е изградено ново училиште, веднаш до старата зграда, со што се создадени услови за нормално изведување на наставата. Наставата се изведува на македонски јазик, а факултативно се изучува и српскиот. Од странските јазици, во ова основно училиште традиционално се изучува францускиот јазик.

Благодарение на љубовта кон францускиот јазик со која се стекнаа со помош на професорката Весна Аризанова, многу од тие некогашни ученици, денес се дипломирани филолози - професори, преведувачи и толкувачи на францускиот јазик. Освен францускиот се изучува и англискиот јазик, а како курсна настава од неодамна и италијанскиот.

Во 1998 година почна да се работи на оспособување на старата училишна зграда и проширување на наставата во истата. Најпрво, беше изградена мини-спортска сала која адекватно ги задоволи потребите за одржување на наставата по фискултура. Во наредните години беа направени библиотеката и останатите училници. Во денешни услови, училиштето претставува модерна установа во која јосифовските ученици можат да се стекнат со квалитетно основно образование.

Настава уреди

Во училиштето наставата се изведува на турски и македонски наставен јазик.[1]

Подрачни училишта уреди

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:[1]

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 „За нас“. ООУ „Страшо Пинџур“. Посетено на 20 јануари 2024.
  2. „Регистар на основни училишта“. data.gov.mk. Посетено на 30.01.2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)

Надворешни врски уреди

41°18′58″N 22°33′33″E / 41.31611° СГШ; 22.55917° ИГД / 41.31611; 22.55917