ОМУ „Владимир Арсовски“ - Неготино

општинско основно музичко училиште во Неготино

Основно музичко училиште „Владимир Арсовски“ — единствено музичко училиште во градот Неготино, во истоимената општина, Македонија. Училиштето е сместена во бела двокатна градба на влезот во градот.

ОМУ „Владимир Арсовски“ - Неготино

Место
Општина: Неготино
Нас. место: Неготино
Адреса: бул. Маршал Тито
Местоположба

Карта

Основни информации
Директор: Драги Станков
Настава на: македонски
Контактни информации
Мреж. место http://www.oomuvladimirarsovski.edu.mk/

Историја уреди

Училиштето било основано на 10 октомври 1979 година, кое подоцна било именувано од страна на Собранието на Општина Неготино по борецот од Шпанската граѓанска војна од Неготино, Владимир Арсовски (1910-1937). Наставата започнала во учебната 1980/81 година, откако се обезбедиле неопходните услови за започнување со работа на училиштето. Отпрвин, наставата била изведувана единствено од Даница Михајловиќ, која била и директор на самото училиште. Бројката на ученици се зголемувала низ годините.

Најпрвин, училиштето било сместено во подрумските простории на ОУ „Гоце Делчев“, во една училница со две пијанина.

Просторните услови биле најгорливиот проблем на училиштето, затоа што неколкупати ја менувало својата положба. По четири години, во 1984 година, се преселило во ОУ „Страшо Пинџур“, па во 1987 година во детската градинка, за во 1990 година училиштето да добие свои простории.

Настава уреди

Во текот на првите три години на работењето се одвива само настава по пијано, а потоа инструменталниот оддел во 1983 година се надополнува со виолина, а во 1990 година со хармоника.

Опременост уреди

Во училиштето има 5 кабинети и една помошна просторија. Состојбата со инструменти во училиштето е следна: 4 пијанина, 1 клавинова, 1 полуконцертно пијано (подарок од ФМУ – Скопје, 1995 г.), 24 виолини и 3 хармоники.

Кадар уреди

Наставниот кадар кој работи во училиштето е следниот: Драги Станков – директор (2006-) и наставник по пијано, Лина Димова – наставник по хармоника и солфеж, Менча Богоевска – наставник по виолина и Влатко Иванов – наставник по пијано.

Галерија уреди

Надворешни врски уреди

41°29′14″N 22°5′28″E / 41.48722° СГШ; 22.09111° ИГД / 41.48722; 22.09111