Нотно знаменце

(Пренасочено од Нотно барјаче)

Нотно знаменце (италијански: cod[att]a, француски: crochet [de la note], англиски: flag, tail, германски: Notenfahne) — третиот дел нотата, покрај нотната глава и нотниот врат, што се додава на осмината нота и на помалите нотни вредности.

Делови на осмината:
1. Глава
2. Врат
3. Знаменце

Правилно пишување на нотното знаменце уреди

Нотното знаменце секогаш се запишува на десната страна и на крајот од нотниот врат. Се бележи:

1. Надолу    

кога нотниот врат е свртен нагоре.

2. Нагоре      

кога нотниот врат е свртен надолу.

Групирање на различни нотни вредности уреди

Во современата нотација, замена за знаменцата се ребрата (споени нотни знаменца). Бројот на ребра одговара на бројот на знаменца. Едно знаменце - едно ребро, две знаменца - две ребра итн.

За прегледност и побрзо пишување, се спојуваат повеќе ноти, т.е. се групираат со т.н. со црта, ребро или греда.

Поврзано уреди

Наводи уреди