Николчо Илијев (р. 1958 година, Кочани, СР Македонија) — актуелен градоначалник на Општина Кочани. На функцијата бил избран на локалните избори во октомври 2017 година како натпартиски кандидат предложен од коалицијата што ја предводела политичката партија СДСМ. Функцијата ја презел на 25 октомври 2017 година.[1]

Николчо Илијев
Градоначалник на Општина Кочани
На должноста
25 октомври 2017 – во служба
Претходник Ратко Димитровски
Лични податоци
Роден(а) 20 септември 1958(1958-09-20)(65 г.)
Кочани, СР Македонија
Партија натпартиски поддржан од СДСМ
Установа Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Професија економист

Животопис уреди

Николчо Илијев е дипломиран економист, приватен стопанственик, основач и управител на текстилната компанија “ИНТ“ - Кочани. Работното искуство го поминал на струката како раководител на неколку претпријатија, меѓу кои и на „Винка АД“ – Виница. Зборува германски јазик. Оженет е и татко на две полнолетни деца.

Наводи уреди

  1. „Доделени уверенијата на градоначалникот и на членовите на Советот на Општина Кочани“. Општина Кочани. 25 октомври 2017. Посетено на 2-12-2017. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)

Надворешни врски уреди