Николета Киријакопулу

Николета Киријакопулу (родена на 21 март 1986 г.) — грчка атлетичарка која е специјализирана во дисциплината скок со стап. Таа освоила бронзен медал на Светското првенство 2015 во Пекинг. Во 2015 година, таа пет пати го подобрувала грчкиот државен рекорд (во сала и на отворено) подигнувајќи ја границата на 4,83 метри.[1] Истата година, таа станала првата грчка атлетичарка која победила во Дијамантската лига.[2]

Николета Киријакопулу
Николета Киријакопулу
Лични податоци
Роден(а)21 март 1986(1986-03-21)(38 г.)
Атина, Грција
Висина&100000000000001670000001,67 м
Тежина55 kg (121 lb)
Спорт
Земја Грција
СпортАтлетика
ДисциплиниСкок со стап
Успеси и титули
Лични рекорди4.81 м (сала)
4.83 м (отворено)

Нејзин прв успех на големо натпреварување се случил во 2012 година, кога таа го освоила бронзениот медал на Европското првенство 2012 во Хелсинки. Претходно таа освоила златен медал на Средоземните игри 2009 со прескокнати 4.50 метри.

Лични рекорди уреди

Дисциплина Резултат Датум Место
Скок со стап на отворено 4.83 метри 4 јули 2015   Париз, Франција
Скок со стап во сала 4.81 метри 17 февруари 2016   Стокхолм, Шведска

Наводи уреди

Надворешни врски уреди