Никола Баснарков
Никола Баснарков (Ваташа, 1932 — Кавадарци, 1987) — македонски сликар и просветител.[1]
Никола Баснарков | ||
Роден | 1932 Ваташа, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 1987 Кавадарци, СФР Југославија | |
Занимање | сликар |
Животопис уреди
Роден е во 1932 година во тиквешкото село Ваташа. Завршил Средно уметничко училиште, насока применета уметност и Уметничка академија во Скопје. Баснарков станал еден од најзначајните акварелисти во Македонија. Во својата кариера имал 9 самостојни изложби и учествувал на 4 групни изложби и колонии. Георги Арсовски пишува „Она што плени кај Баснарков при првата средба со неговите акварели е чувството дека се среќаваш со уметник што знае што сака“. За изложбата „Современ македонски акварел“, Скопје 1984 година, на која учествувал и Баснарков, критичарот Владимир Величковски напишал: „Еден од најпопуларните акварелисти е Никола Баснарков, кој во своите дела покажува префинето чувство за односот меѓу тоновите.[1]
Починал во Кавадарци во 1987 година. По неговата смрт биле одржани три ретроспективни изложби на неговото творештво — Кавадарци (1992), Скопје (1993) и Куманово (1993).[1]
Наводи уреди
- ↑ 1,0 1,1 1,2 Камчевски, Петре (2012). „80 години од раѓането на Никола Баснарков“ (PDF). Кав'даречки Весник. III (59): 7. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-02-11.