Николас Дугал

јужноафрикански велосипедист

Николас Дугал (англиски: Nicolas Dougall; р. 21 ноември 1992) — поранешен јужноафрикански професионален друмски велосипедист, кој последно возел за UCI World Tour екипата Тим Кубека Асос.[1]

Дугал на Трката околу Келн 2016

Дугал е роден во Хертфордшир во Велика Британија, но пораснал во Бризбејн, Австралија. Негова прва голема трка била Вуелта а Еспања 2016.[2]

По пет години со Тим Дименжн Дата, Николас се вратил на неговите почетоци како триатлонец и настапил на Барселона Ајронмен 70.3 на 19 мај 2019 година.

Достигнувања уреди

2009
1. Светско првенство во триатлон - спринт
2011
1. Етапа 1 (ТТТ) Трка околу Тасманија
2012
3. Етапа на Трката околу Тајланд
2013
7. Национално друмско првенство под 23 години
2014
Национални друмски првенства
2. Хронометар
3. Друмска трка
2017
5. Национално хронометарско првенство
2019
6. Ајронмен 70.3 Барселона

Наводи уреди

  1. „Nicholas Dougall“. Посетено на 8 март 2015.
  2. „71st Vuelta a España“. ProCyclingStats. Посетено на 20 август 2016.

Надворешни врски уреди