Несториј Цариградски

Несториј Цариградски или Нестор (починал околу 451) — цариградски патријарх од 428 до 431 година.

Несториј Цариградски
Πατριάρχης Νεστόριος
Цариградски патријарси
ЦркваКонстантинополска црква
Ракоположен426
Службата завршила427
ПретходникСисиниј
НаследникМаксимијан
Лични податоци
ЗанимањеЦариградски патријарх

Според него е наречено еретичкото движење несторијанство. Во годините пред Ефескиот вселенски собор клучна фигура претставувал Несториј кој, во својство на цариградски архијереј (428), во литургиските беседи ги вклучувал и оние за Марија Човекородица велејќи притоа дека преку нив тој само ја артикулирал нејзината перцепцијата кај паствата[1].

Според него, никаде во Светото Писмо таа не се нарекувала Богородица, и никаде во Светото Писмо не станувало збор за доењето, што било делумно точно бидејќи во Евагелието по Лука (11:27) една жена му вели на Христа: “Блажена нека е утробата што те носела и градите што те доеле”. Во својот антропоцентричен пристап Несториј зборува за две Христови компоненти: природа (ousia) и појавност/персоналност (upostasiV). Тој на Првиот ефески собор (431), поддржан од својот истомисленик Јован Антиохиски, жестоко спорел со противниците, предводени од Свети Кирил Александриски и Прокло Кирикски (Мисиски), подоцна назначен за цариградски владика. Епилогот на диспутот била анатемата на Несториј и неговото учење и исклучувањето на источните епархии на Сирската црква од екуменската целост[2]. Токму во ова време, Свети Кирил Александриски станал осведочен востановувач на доктрината за Богородичиното безгрешно зачетие запишана во неговите омилии “За опонентското кредо на Несториј[3]

Така, на крајот од Ефескиот вселенски собор било решено во корист на Свети Кирил Александриски, а самиот Несториј бил осуден[4] Во наредните месеци биле сменети околу 17 епископи кои го поддржувале Несториј. Под притисок на царот, Јован I Антиохиски го напуштил Несториј во март 433 година. На 3 август 435 година, византискиот цар Теодосиј II издал едикт според кој Несториј бил прогонет во манастир во Египет. Тој таму останал да живее до неговата смрт во 451 година.

Наводи уреди

  1. Несториј во одбрана на своите тези се повикувал на мислието на сириските поети Исак од Антиохија и Јаков од Батна, и на беседите на епископите св. Атанасиј Александриски и св. Јован Златоуст, cf. Ι. Καμιρη, Ταδογματικακαι συμβολικα μνημεια της Ορθοδοξου καθολοκης εκκλησιας I, Αθηναι 1960, 53-54, 64, 148-150; A. JeftiÊ, Vaseqenski sabori i `ivo predawe crkve, Bogoslovqe 1-2, Kragujevac 1973, 43-79; Ch. Walter, L’iconographie des Conciles dans la tradition byzantine, Paris 1970, 268-273 (за антропотоколошкото мислие на Несториј).
  2. Овие епархии подолго време пред Соборот биле оценети како дисидентски и шизматични, обременети со ереси. Тие по Соборот се обединиле во еднствена црковна целина, најчесто нарекувана Асирска црква на Западот или Сириска црква на Персија, чијшто легендарен основач е апостолот Тома и чиишто догматски премиси се втемелени на Псевдоевангелието по Тома. Денес таа е под формална управа на Ватикан, cf. Mor-Clemis E. Kaplan, The Syrian Orthodox Church of Antioch: A Brief Introduction, 1996 (cf. http://sor.cua.edu/History/index.html).
  3. Cf. E. Ferguson, op. cit., 687-693. Екстракти од синодските акти и епистоли од св. Кирил Александриски до Несториј: http://www.newadvent.org/fathers/3810.htm.
  4. www.poa-info.org