Нерсов Проток

проток меѓу Канада и Гренланд

Нерсов Проток (дански: Nares Strædet; англиски: Nares Strait; француски: Détroit de Nares) — водна површина помеѓу островот канадскиот остров Елсмир и Гренланд која го поврзува северниот дел на Бафиновиот Залив во Атлантскиот Океан со Линколновото Море во Северноледениот Океан. Од југ кон север, протокот ги опфаќа помалите водни површини Смитов Проток, Кејнов Басен, Кенедиев Проток, Холов Басен и Робсонов Проток. Долг е 530 км и има најголема длабочина од 600 м.[1] Низ протокот од север речиси постојано тече Бофортовата струја, што го отежнува неговото преминување од југ.

Нерсов Проток
Нерсовиот Проток (во правоаголник) помеѓу островите Елсмир и Гренланд
  Нунавут, Канада
Подрачјепомеѓу Елсмир (Канада) и Гренланд
Координати80°N 070°W / 80° СГШ; 70° ЗГД / 80; -70 (Nares Strait)
Видпроток
ЕтимологијаЏорџ Нерс
Океански/морски извори
Сливни земјиКанада, Гренланд
Најг. должина530 км
Најг. длабочина600 м

Името на протокот е усвоено во 1964 г. со спогодба меѓу данската и канадската влада. Наречен е по британскиот поморски офицер и истражувач Џорџ Нерс (1831 - 1915). Низ него минува државната граница меѓу Данска (т.е. Гренланд како нејзин посед) и Канада.

Протокот и околните води се необично опасни по пловидбата. Преку целата година има санти и пловечки мраз; особено забележителен случај е ледениот остров со димензии од 20 на 10 км кој во 1962–1964 г. пропатувал од Линколновото Море низ Нерсовиот и Дејвисов Проток и прешол во Лабрадорското Море.[1] Во август протокот е пловен за мразокршачи. Пред 1948 г. само пет брода успешно стасале северно од Кејновиот Басен. Во 2009 г. бродот „Арктик санрајз“ прв во историјата извршил пловидба до Атлантикот во јуни.[2]

Малиот Хансовиот Остров е предмет на несогласување бидејќи на него полагаат право и Данска (како дел од Гренланд) и Канада. Други острови во протокот се Џо, Крозиер и многу поголемиот Френклинов Остров.

Историја уреди

Праескимскиот народ од тулската култура стасал до Нерсовиот Проток на почетокот од XIII век, каде ловеле и тргувале со Викинзите.[3] Археолошки наоди од тулската култура и присуството на Викинзите има на островот Руин.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Münchow, Andreas; Melling, Humfrey; Falkner, Kelly K (2006). „An Observational Estimate of Volume and Freshwater Flux Leaving the Arctic Ocean Through Nares Strait“ (PDF). Journal of Physical Oceanography. 36 (11): 2026. CiteSeerX 10.1.1.690.6545. doi:10.1175/jpo2962.1. Архивирано од изворникот (PDF) на 10 март 2012. Посетено на 23 декември 2010..
  2. Barkham, Patrick (1 септември 2009). „The Sermilik fjord in Greenland: a chilling view of a warming world“. The Guardian. London.
  3. Inuit-Norse contact in the Smith Sound region/Schledermann, P. McCullough, K.M.

Надворешни врски уреди