Независен синдикат на полицијата

Независниот синдикат на полицијата (НСП) е синдикат на сите полициски службеници во Македонија. Целта на синдикатот е остварување на економските, социјалните и други права на работниците во полицијата, загарантирани со Уставот и законите на Република Македонија. Прв и актуелен претседател на синдикатот е Гоце Делчев Тодев.

Независен синдикат на полицијата
Основана1 март 2016 г.
СедиштеУл. „Финска“, бр. 19, Скопје, Македонија Македонија
ПретседателГоце Делчев Тодев
Мреж. местоwww.nsp.com.mk

Активности уреди

На 7 јули 2017 година поради наводно намерно недозволување на одржување состанок на синдикатот со вработени во СВР Струмица за нивно запознавање со работата на синдикатот и формирање на негов огранок, бил обвинет тогашниот началник на секторот, Ѓорѓи Божинов, и против него и против други членови на администрацијата на СВР Струмица била поднесена кривична пријава[1].

По 1 година од Поплавите во Македонија, Македонскиот полициски синдикат добил донации кои биле наменети за полициските службеници загрозени од поплавите. Според извори на Независниот синдикат на полицијата, делумно или целосно не биле исплатени истите пари[2]. Поради таквото обвинување, Македонскиот полициски синдикат најавил тужба против Тодев како претседател на Независниот синдикат[3].

 
Членови на синдикатот се собираат на протест во Струмица за поддршка на полицаецот.

На 12 август полициска потера за џип управуван од малолетник завршила трагично кај Градската капела во Струмица откако полицаец, наводно во самоодбрана испукал куршум кој погодил двајца од четворица малолетници кои биле во џипот, пријавени дека извршиле кражба на чамец од браната Мантово кај Радовиш[4]. Поради демантирање на тоа дека полицаецот постапил погрешно, синдикатот организирал конвој кој започнал во Радовиш а истиот завршил на градскиот плоштад во Струмица[5].

Во ноември 2017 година синдикатот стапил во соработка со Министерство за труд и социјална политика како претставнички синдикат. По повод соработката, неколку членови на синдикатот заедно со претседателот наздравиле со чаша шампањ и најавиле крај на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани[6].

Наводи уреди

  1. „Синдикатот со „кривична" за началникот на Струмичката полиција“. СтрумицаНет. 7 јули 2017. Посетено на 4 јануари 2018.[мртва врска]
  2. „Каде се парите за поплавените полицајци?“. 24 Вести. 6 август 2017. Посетено на 4 јануари 2018.
  3. „МПС најави тужба против Гоце Делчев Тодев“. 24 Вести. 7 август 2017. Посетено на 4 јануари 2018.
  4. „Полицаец ранил две деца во Струмица“. Република. 12 август 2017. Архивирано од изворникот на 2018-01-18. Посетено на 4 јануари 2018.
  5. „Протест на полицискиот синдикат во Струмица за поддршка и одбрана на полицаецот што рани две момчиња“. ТВ канал ВИС. 21 август 2017. Посетено на 4 јануари 2018.
  6. „(Видео) Гоце Делчев со шампањ го најави крајот на УПОЗ и другите полициски синдикати“. Макфакс. 9 ноември 2017. Посетено на 4 јануари 2018.